За возачка ќе се полага со 17, наместо со 16 години

by Fokus

Промена на возраста за стекнување право за полагање на возачка дозвола за моторно возило од 16 на 17 години е една од главните новини што се наоѓа во новиот предлог закон за измени по скратена постапка што го поднесоа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев и уште неколкумина пратеници од мнозинството.

Предлогот на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата содржи 6 члена.

Со членот 5 се менува член 331, каде се предлага зголемување на старосната граница на децата за стекнување со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија.

Наместо со 16, се предлага тоа право да го стекнат со навршување на 17 години возраст. Досега, законот предвидуваше да се полага на 16, но зад  волан да се седнува една година подоцна. Воедно се брише критериумот тие да имаат одличен успех и примерно поведение, бидејќи, според предлагачот,  тоа не е критериум за полагање на возачки испит и претставува дискриминирачки.

Поврзани новости