За власта чесно, а за рајата корумпирано обвинителство!

by Фокус

Договорот за назначување специјален обвинител за содржината на бомбите, според адвокатот Александар Тортевски, повторно ја става актуелната власт во привилегирана позиција.

-Треба да се избере специјален обвинител. Тој треба да е стручен, чесен, добар правник и објективен. Таков обвинител треба да ѝ суди на власта. Останата раја и понатаму ќе му ја оставиме на старото обвинителство, слободно да се изживува врз народот.
А за Јавното обвинителство, нели, и Американците и ЕУ и сите наши лидери се сложиле дека е нестручно, корумпирано и дека не е независно. Ама за обичниот народ излегува дека е добро, коментира Тортевски за Фокус.

Според постигнатиот договор за надминување на политичката криза, се предвидува до 15 септември да се назначи специјален обвинител кој ќе треба да ги  испитува „бомбите“ што ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев. Според Брисел, тој  ќе биде одговорен и автономен да води истраги за деталите од пресретнувањето на комуникациите, односно за аферата со прислушувањето.

Поврзани новости