За погрешно паркираниот автомобил на директорката на УЈП ќе одговара возачот

by fokus

Откако денеска на социјалните мрежи беа објавени фотографии и видео од обид за кревање со пајак на автомобилот на директорката на УЈП, но по еден телефонски повик пајакот го остави возилото, попладнево реагираше УЈП од каде велат дека возачот платил казна за погрешно паркирање.

-Управата за јавни приходи информира дека поради несоодветно користење, управување и грижа на службено возилото, ќе се преземат соодветни мерки против вработениот во УЈП задолжен за управување со службеното возило. Казната за непрописно паркирање е платена лично од вработениот, a прекршокот се случува во период на отсуство на директорката од УЈП поради здравствени причини, се вели во соопштението на УЈП.

Авторот на видеото под постираното пишува дека некој повикал пајак-служба која почнала да го крева непрописно паркираното возило. Но, по еден повик со телефон на службено лице, возилото е вратено, а возачот го тргнал од патеките. Во соопштението на УЈП не се објаснува зошто пајакот не го кренал возилото, без разлика што возачот платил казна.

Поврзани новости