Груевски, Рангелова и Јанакиески седнаа на обвинителна клупа за „шамарите во Општина Центар“, но судењето се одложи

by fokus

Екс премиерот, Никола Груевски, првообвинет во предметот „шамари во Општина Центар“, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, денеска се појавија на судењето во Основниот суд Скопје 1 и седнаа на обвинителна клупа.

И покрај тоа рочиштето беше одложено поради немање услови, односно поради неоправдано отсуство на обвинетиот, Димче Крстев.

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, побара за следното судење тој да биде донесен со помош на полициска асистенција.

Во контекст на одложувањето и на претходното рочиште Фетаи ја обвини судијата за непотребно одолговлекување на судењето. Се надева, рече, дека таа ќе се поправи, а специјалниот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, побара рочишта да се одржуваат секој ден.

-Секој си одговара за своите постапки – и се обрати Фетаи на судијката Михајлова.

Следното родчиште е закажано за 20-ти ноември.

Поврзани новости