Врнежи и пад на температурите за дури дваесетина степени

by fokus

По енормно високите температури над 40-от степен, денеска во земјава има голем пад на температурите и тоа за речиси 20 степени.

Од УМХР информираат дека времето денеска ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 21, Маврово 16, Охрид 22, Кавадарци 23, Дојран 22, Берово 17, Крива Паланка 18 Целзиусови степени…

И утре времето ќе биде променливо, облачно и свежо, претпладне во јужните делови сѐ уште ќе има локален дожд. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура нема да надмине 25 степени.

Од вторник временските прилики ќе се смируваат и времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност и температури од 23 до 30 степени.

Од среда повторно ќе имаме сончево и топло време со температури од 27 до 33 степени.

Поврзани новости