Врховниот суд денеска ќе одлучува за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Врховниот суд денеска ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно Кривичниот суд одби да го замрзне седиштето на партијата.

-Со барањето за заштита на законитоста се бара Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје I Скопје, со кое е одбиено барањето на ова Јавно обвинителство за обезбедување на дел од имотот на една политичка партија, било незаконито, велат од СЈО.

Поврзани новости