Временска прогноза за наредните пет дена

by fokus

Денес е четврток, 17 ноември 2016 година, 322-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:20, а ќе зајде во 16:15 часот. Денот ќе трае 9 часа и 55 минути.

Во Македонија ова утро имаме претежно ведро и малку потопло утро во однос на вчерашното, а по котлините има и појава на магла. Зголемена облачност имаше само во Малешевијата но и таму со тенденција за разведрување во наредните часови.

МАКЕДОНИЈА – Денеска не очекува претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со максимални температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -5 до 2 степени, додека пак максималните дневни од 7 до 14 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска претежно сончево и потопло време. Попладне зголемување на облачноста. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 11 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок по студеното утро со утрински температури од -4 до 3 степен во текот на денот ќе биде сончево и потопло со дневни температури од 8 до 16 степени. Во сабота во утринските и претпладневните часови претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и релативно топло време за овој период од годината со дневни температури кои ќе се движат од 8 до 16 степени. Во недела претпладне умерено облачно, попладне намалување на облачноста и идентични температури од 8 до 16 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и топло време со максимални температури од 9 до 17 степени.

Поврзани новости