Вработените во ТВ Нова протестираат пред СЈО

by fokus

Вработените во ТВ Нова денеска во 13 часот излегоа на протест пред Специјалното јавно обвинителство во одбрана за нивниот газда, Сеад Кочан, кој е осомничен за финансиски криминал тежок 17 милиони евра.

Телевизијата објави дека секој ден во 13 часот ќе одржува едночасовни протести на различни локации во градот. Поради тоа, денеска во период од 13 до 14 часот ќе биде затворена улицата Франклин Рузвелт на потегот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Орце Николов.

Вработените во ТВ Нова, како и ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека случајот на СЈО во кој осомничен е Сеад Кочан е со цел да се замолчи медиумот, иако се работи за финансиски криминал во друга фирма на Кочан, „Трансмет“.

Поврзани новости