Вработените во Министерството за одбрана после цела година ќе бидат обесштетени за минатогодишните поплави во Скопје

by fokus

Министерството за одбрана ги исплати средствата за обесштетување на вработените во Министерството и Армијата кои беа погодени во минатогодишните големи поплави во Скопје и околината.

На барање на оштетените вработени во МО и АРМ биле направени решенија за исплата на овие побарувања уште во септември 2016 година, но не им биле исплатени и покрај тоа што паричната помош на оштетените им била потребна веднаш, во првите денови по поплавата.

„Во досегашната анализа на МО откривме и кршење на Закон за служба во АРМ, во делот на обврските на вработените во Министерството и Армијата, во случај на елементарни непогоди.

Се работи за вработени во АРМ и во МО кои биле оштетени во минатогодишните поплави во август 2016 година, а кои согласно Законот за служба во АРМ требало да им биде исплатен паричен надоместок во висина од една просечна плата, околу 22.000 денари, но средствата не им биле исплатени“, изјави државниот секретар во МО, Драган Николиќ.

Парите за обесштетувањето, додаде Николиќ, се обезбедени од буџетот на Министерството за одбрана.

Поврзани новости