Вработена во АРМ била прекомандувана оти излегла на протест

by Фокус

 Јасмина Дуриќ, вработена во Армијата на Македонија тврди дека поради учеството во протестите на „Шарена Револуција“ била прераспределена на друга работна позиција,  од Скопје во Кичево.

Таа вчеравечер на својот Фејбук портал напиша дека иако  без најава била прекомандувана во магацин за храна во Кичево, иако нејзините квалификации се социјален работник – психотерапевт.

Дуриќ учествувала на протестите против аболицијата и објавувала слики на социјалните мрежи.

 Од Министерството за одбрана нема коментар зошто Дуриќ која живее во Скопје била прекомандувана во Кичево.

Поврзани новости