Вработен во УБК: Не бегам, не се кријам, татко сум на малолетно дете

by Fokus

Во Апелациониот суд во моментот се расправа и по жалбата на СЈО со која се бара на Никола Бошковски, осомничен во случајот „Тврдина“ и „Таргет“ да му се одреди притвор.

– Обвинетиот веќе влијаел врз сведоци кои се вработени во УБК, а влијаел и врз сведоци во други постапки. Затоа бараме да му се одреди мерка притвор, бидејќи покрај останатите докази, и изјавите на сведоците се важни, бидејќи за релевантна се зема онаа што ќе ја дадат пред судот, а не онаа што ја дале во фаза на истата пред обвинителството, па затоа е важно да не бидат подложени на влијание – рече обвинителката Ленче Ристоска.

Бошковски и во моментот работи во Управата за безбедност и контраразузнавање, па поради тоа СЈО бара да се стави во притвор, бидејќи е во можност секојдневно да комуницира и да влијае врз останатите обвинети и сведоците, кои се исто така вработени во УБК.

Жалба до второстепениот суд поднел и осомничениот Бошковски, за одземениот пасош. Тој вели дека не се криел, не бегал, а напоменува и дека е татко на малолетно дете.

Осомничениот Бошковски истакна само дека не се чувствува виновен, а неговиот адвокат додаде дека Бошковски се уште работел во УБК, но бил прераспореден на пониско место за дури три позиции.

 

 

Поврзани новости