Возовите уште не сообраќаат, МЖ до крајот на месецов ќе ја исплати платата за јануари

by fokus

Патничките и товарните возови веќе трет ден не сообраќаат, бидејќи вработените на „Македонски железници – Инфраструктура“ бараат да им се исплатат заостанатите плати, пренесува МЕТА.

Од „Македонски железници – Транспорт“ информираа дека пред почетокот на викендот на вработените ќе им биде исплатен вториот дел од платата за декември 2016 година, а до крајот на месецов и платата за јануари 2017 година.

-Поради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година, поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, „Македонски железници – Транспорт“ АД Скопје претрпе директна загуба од 5 милиони евра. Доколку на таа сума се додадат и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати четири и пол плати, на почетокот од оваа година претпријатието повторно се соочува со одредени финансиски предизвици – соопштија од „МЖ Транспорт“.

Оттаму додаваат дека неделава во соработка со Владата треба да се финализира решението за подолгорочно решавање на состојбите во железниците во Македонија.

Поврзани новости