Воз усмрти маж на пругата кај Демир Капија

by fokus

Воз прегази маж, утрово околу 9.15 часот, на местото викано „Прждевски мост“, во Демир Капија. Како што информираат од МВР возот сообраќал од Скопје кон Гевгелија.

-Возит удрил во НН машко лице (кое се наоѓало на пругата). Од ударот, НН лицето починало на лице место. Смртта е констатирана од ИМП, информираат од МВР, од каде што додаваат дека во моментот се врши увид на лице место, а на лице место ќе излезе и обвинител.

Поврзани новости