Воведена е забрана за камиони на Пресека

by fokus

Забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека е воведена во 19.40 часот, соопшти ЈП Македонија пат.

Претходно од ЈП Македонија пат информираа дека сообраќајот на патиштата се одвива тековно по наместа влажни коловози и дека се уште има забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Поврзани новости