Вонредна седница на Град Скопје за жртвите од невремето

by Fokus

Советот на Град Скопје денеска во 14 часот ќе одржи вонредна седница  на која ќе биде разгледана информација во врска со невремето што вчера го погоди градот и околината.

Според информации од МВР, досега има 15 жртви и тоа во Арачиново и областа, Сингелиќ и Стајковци како најпогодени места од невремето.

Вчерашното невреме е незапаметено во поново време во Скопје и околината. Неколку часови беснееше вистинска бура, со поплавеми улици, откорнати дрвја, свлечишта.

Најлошо е во околните села и населени места на Скопје.

Поврзани новости