Во знак на солидарност со Лупевска денеска нема да има „Топ тема“

by fokus

Денешното издание на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма денеска нема да се емитува. Колегите од емисијата се солидаризираат со Снежана Лупевска, чија емисија „Код“ вчера беше цензурирана.

Снежана Лупевска Созен, уредничка и новинарка во телевизија Телма вчера во изјава за „Фокус“ потврди дека една од сториите што требало да се емитува во вечершаното издание на „Код“ била цензурирана, затоа што газдата на кавадаречката фабрика каде што се случиле трагичните настани извршил притисок во телевизијата.

Поврзани новости