Во Врховен суд се уште не пристигнале жалбите за притворите на Грујевски, Јакимовски и Бошковски

by fokus

Во Врховиот суд се уште не стигнале жалбите за притворот кој Апелација го одреди на Горан Грујевски, поранешен началник на Петта управа, Тони Јакимовски, екс шеф на кабинетот на Сашо Мијалков и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК, информираат од судот.

Одбраната има рок од 24 часа, што значи дека истиот истекува околу 16 часот. Откако пак Врховниот суд ќе ги добие, предметите со акмис ситемот ќе бидат распределени кај Кривичен совет, кој во рок од 48 часа треба да донесе одлука.

Како што веќе информираше „Фокус“, осомничените ќе останат на слобода се до одлуката на Врховниот суд, бидејќи жалбата го одложува извршувањето.

Грујевски и Бошковски немаат пасоши, односно им ги одзеде судот, додека Јакимовски кај себе ја има дипломатската патна исправа, која му беше оставена за да може да патува во Романија, каде што е генерален директор на Центарот СЕЛЕК.

Валентина Вурмо

Поврзани новости