Во училиштата во Аеродром секој ден ќе се интонира химната

by Фокус

Секој работен ден пред почетокот на часовите во прва смена во основните училишта во општина Аеродором ќе се интонира националната химна. Оваа одлука е усвоена од Советот на Општина Аеродром во април годинава, а ќе почне да се применува со почетокот на учебната година.

Минатата година химната се интонираше само во понеделник, а иницијативата таа да се интонира секој ден е на градоначалникот Ивица Коневски. Од локалната самоуправа објаснија дека практика која е воведена минатата година наишла на воодушевување кај мнозинство од родителите на децата и, како што додаваат, за нив тоа е мотив повеќе дека донеле правилна одлука.

Минатата учебна година секој понеделник пред почетокот на часовите, учениците се постројуваа во дворот на училиштата и свечено се инторнираше химната на Македонија.

Поврзани новости