Во сообраќајка повредени 30 ученици од Демир Хисар

by fokus

Триесетина ученици се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово, околу 7.30 часот, на патниот правец Демир Хисар-Кичево. Несреќата се случила кога автобусот во кој се превезувале 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар се судрил со комбе.

-Утринава се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека при несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле учениците.

-На истите им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола. Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.

Поврзани новости