Во сообраќајка загина Роберт Павлевски, уште четири лица се повредени

by Фокус

Едно лице загина, а четири се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа, околу еден часот по полноќ, во Куманово, на улицата „Трета македонска ударна бригада“, пред поранешниот Дом на АРМ. Како што соопшти МВР, до несреќата дошло откако автомобил „субару“ управуван од кумановецот Роби П. (1975), излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Притоа Р. П. починал на самото место. Тешки телесни повреди здобиле сопатничките Ц.В. (1975), М.М. (1976), И.Т. (1987) и И.Б. (1984). Првите две се задржани во Општата болница Куманово, а другите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Увид во несреќата извршиле СВР Куманово и Основното јавно обвинителство.

Инаку загинатиот Р. Павлевски е професор по музичко образование и беше директор на кумановскиот Дом на култура повеќе години. По повод смртта на Павлевски, во НУЦК ”Трајко Прокопиев” ќе се одржи комеморација во 12 часот, а погребот е закажан за 15 часот во градските гробишта во Куманово.

Павлевски загина враќајќи се од Комитска вечер што вчера навечер ја организираше ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Поврзани новости