Во штабот се пее „Шутка не ти беа Никола“, СДСМ прогласи победа во 40 општини

by Fokus

Овој ден е празник за демократијата. Вака изгледа Македонија кога се гласа без притисоци, слободно и демократски. СДСМ заедно со коалиционите партии победи во повеќе од 40 општини во Македонија, а извесна е победата во скоро сите 50 општини, истакна Миле Зечевиќ, шеф на изборниот штаб.

– Сакам да изразам благодарност до сите институции кои овозможија мирни и демократски избори – рече Зечевиќ.

Во штабот на СДСМ се пее „Шутка не ти бега Никола“.

Зечевиќ ги покани сите на прослава пред Влада, каде ќе се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Поврзани новости