Во грабежот во кичевската Шпаркасе банка биле украдени 6.500 евра

by fokus

Вчера на пладне во кичевската експозитура на „Шпаркасе банка“ на булеварот „Ослободување“ се случил грабеж при што биле украдени околу 6.500 евра. Идентитетот на крадците се уште не и е познат на полицијата.

Според информации од МВР, непознат сторител со закана со пиштол од вработената ги одзел парите. Станува збор за 100.000 денари, 2.500 евра и околу 2.800 американски долари. Веднаш потоа што го напуштил местото на настанот.

Од полицијата велат дека е извршен е увид и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Поврзани новости