Во 18 часот се отвора бесплатното аплицирање за зелена карта за Америка

by fokus

Амбасадата на САД во Скопје информираше дека лотаријата за зелена карта за 2018 година, со која се овозможува легален постојан престој во САД започнува денеска (вторник) во 18 часот, а завршува на 7 ноември 2016 година, исто така во 18 часот.

Аплицирањето е бесплатно, односно не се плаќа никаква административна такса, а граѓаните можат да аплицираат на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде има целосни инструкции.

Учесниците во лотаријата треба да ја чуваат потврдата најмалку до 30 септември 2018 година бидејќи тој број е единствениот начин преку кој ќе може да се провери дали некој е избран за иселеничка виза. Стејт Департментот нема да ги контактира учесниците преку електронска пошта, туку тие самите треба да проверат дали се избрани на 2 мај 2017 година.

Поврзани новости