„Внимание! Диме Спасов на патот”

by fokus

Импровизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте! Диме Спасов на патот” деновиве осамнаа на фреквентните улици од Штип.

Штипските герилци алудираат на сообраќајниот инцидент на Спасов, дополнителниот министер за труд и социјала, кој деновиве беше на удар на јавноста.

Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември.

Инаку, Спасов пред една недела, со службен „туарег” предизвика две сообраќајни несреќи и избега од местото на несреќата. По шест дена од инцидентот излезе во јавноста, тврдејќи дека е жртва на полициско-криминална местекна. МВР го отфрли неговото сценарио и против него поднесе три прекршочни пријави.

Фото: Mета.мк

Поврзани новости