Вмровците си направија партиска журка во Филхармонија, Заев и Талат Џафери требало да си купат билети

by fokus

Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска вечерва на отворањето на новиот објект на Македонската филхармонија, на новинарско прашање зошто нема покани за мандатарот и за претседателот на Собранието, како и за политичари од други партии , одговори дека можеле да си купат билети ако се љубители на оваа музика.

Таа неколку пати повтори дека не пратиле покани никому, туку дека секој љубител можел да си купи билети и да присуствува на свеченоста, која вечерва ВМРО – ДПМНЕ успеја да ја претвори во партиска журка. Буквално цело раководство на ВМРО – ДПМНЕ беше присутно на отворањето на објектот на филхармонија, а Канчевска тврдеше дека никој од нив не добил покана.

„Секој што сакал да купи билет, можел да купи. Билетите не се земани и давани така. Сите билети се пуштени во продажба од страна на Македонската Филхармонија“, изјави Канчевска.

ВИДЕО: 24 Вести

ФОТО: Макфакс

Поврзани новости