Вмровците од Охрид ги игнорираат поканите на СЈО

by fokus

Ниту еден од 200-те членови и функционери од ВМРО-ДПМНЕ, кои СЈО ги свика на распит за донациите во партијата, не се одзваа на поканите.

OhridNews” јави дека истражен тим на СЈО се уште е во СВР Охрид, но ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја бојкотира нивната работа. Велат дека не го признаваат нивното работење и бараат негово укинување.

Тие вчера организираа и протест, бидејќи биле револтирани што ги бараат на разговор во обвинителството. Тие од СЈО се свикани во својство на сведоци да дадат исказ за околностите во врска со донациите за ВМРО-ДПМНЕ.

Од СЈО реагираа на протестот и порачаа дека „секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка”.

Инаку, истрагата за донациите на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО ја отвори во октомври минатата години, врз основа на досега необјавени прислушувани разговори. Се истражува процесот на финансирање на партијата за време на изборите во 2014-та година.

Поврзани новости