ВМРО-НП: И власта и опозицијата ја извртеа идејата за амнестија

by Фокус

Идејата на нашиот претседател Љубчо Георгиевски за Закон за амнестија беше крајно извртена, извитоперена и погрешно протолкувана од двата политички блока во нашата држава и нивните медиумски структури, соопштија од ВМРО-НП.

„За да нема забуна, предлогот е многу јасен: за да се скратат тензии и за да се спречи можна ескалација на кризата, во која најголем губитник ќе биде државата, предлагаме Закон за амнестија, со кој ќе бидат амнестирани само делата опфатени од изборните нерегуларности, споменати во објавените прислушувани разговори, како и самиот чин на прислушкување, без разлика кој го нарачал и спровел“, велат од НП.

Поврзани новости