ВМРО-НП: Белград ја прекрсти улицата Гоце Делчев, бил бугарски деец и терорист!

by Fokus

ВМРО-Народна партија изразува голема задоволство и ја поздравува конечната одлука на српските власти за реализација на промената на улицата во Белград, што десетици години го носеше името на големиот народен трибун Гоце Делчев.

– Со овој непријателски чин кон Р.Македонија, дефинитивно паднаа маските и на виделина излезе сето лицемерие што србите долго го прикривале за да ги придобијат симпатиите од македонскиот народ. Сепак, добрата страна од сето ова е што македонските граѓани можат да извлечат поука и потрезвено да размислуваат за наводно добрите намери и симпатии што доаѓаат од Србија – се наведува во партиското соопштение од ВМРО-НП.

Во образложението на српските власти за причините за промена на името на улицата, се истакнува дека Гоце Делчев е бугарски деец и терорист, подржан од царскиот двор од Софија и висок функционер на ВМРО, која подоцна прерасна во организација што се бореше против српската окупација.

 

Поврзани новости