ВМРО исклучило делегати кои се вработени во МНР, МВР и регулаторни тела

by Фокус

Откако Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одбил да гласа за оставка на Никола Груевски, но, сепак, свикал вонреден конгрес за избор на нов лидер, партијата го објави списокот на делегати што ќе учествува на конгресот на 22 и 23 декември во Валандово.

За разлика од конгресот во Куманово во 2015 година, кога имаше 560 делегати, на претстојниот конгрес ќе учествуваат 544 делегати или 16 помалку во споредба со претходниот конгрес.

Како што објаснуваат од опозициската партија, тие биле исклучени од конгресот од оправдани причини.

„Едно лице е исклучено заради тоа што е починато. Останатите заради тоа што се вработени или функционери во МНР, МВР или регулаторни тела каде со закон е забрането да членуваат во партиски тела“, соопштија од ДПМНЕ.

Поврзани новости