ВМРО-ДПМНЕ: Заев од затвор ослободува криминалци, а ги затвора чесните и искрени патриоти

by fokus

Aпелирамe до правосудните органи веднаш да го стопираат овој политички прогон и да не се ставаат во функција на власта на СДСМ. Судот има можност да се ослободи од политичкиот притисок и да не се става во функција на Заев и СДСМ. Судиите мораат да се стават во функција исклучиво на Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин на Република Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите кои неправедно се во притвор не се терористи, туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат татковината. Отткако СДСМ е на власт постои само селективна правда, политички прогон и масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта. Заев од затвор ослободува осудени криминалци, а ги затвора чесните и искрените патриоти“, велат од партијата.

Со законот за амнестија, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, од затвор ќе ослободат криминалци обвинети за дистрибуција и продажба на дрога, мачење, тешки кражби, луѓе кои се занимаваат со рекет, изнуда, проституција и други тешки кривични дела.

„Во интерес на демократијата и правната држава, овој политички прогон мора да прекине. Правосудството мора да работи независно. Тоа е во интерес на демократијата и граѓаните на Република Македонија. Јавнотообвинителство без аргументација и докази фабрикуваше случај и прогласи дека се терористи познати уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња. Аргументите се на страна на неправедно обвинетите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости