ВМРО-ДПМНЕ: Заев не кажа ништо за парите од Сорос

by Фокус

-Нормално, во денешниот прес на Зоран Заев не слушнавме и веројатно од Заев никогаш нема да слушнеме за спрегата на Заев и СДСМ со опозициските новинари дебело финансирани од негов личен џеб и од страна на фондацијата Сорос, како и за групата невладини организации кои гравитираат околу опозицијата кои што во меѓусебна спрега организирано дејствуваат заради реализација на сопствените цели, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод објавувањето на четвртата бомба од страна на Зоран Заев.

Во соопштението на владејачката партија се вели и дека Зоран Заев е добар извршител на желбата на странските центри, без при тоа ниту еднаш да се запраша каква и колкава штета и нанесува на сопствената држава. Напротив, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, свесен е дека нанесува штета на Македонија и продолжува.

Не коментирајќи ги материјалите објавени денеска за прислушувањето на новинари, ВМРО-ДМПНЕ во реакцијата прашува зошто Заев не спомнал ништо за списанијата кои, според нив, се под контрола на Сорос и СДСМ.

-Не слушнавме за новинарите пратеници, не слушнавме за 37-те новинари кои со одработување за СДСМ заработија портпаролски функции, и не слушнавме за новинарите кои работат во партискиот штаб на СДСМ и си пласираат текстови во партиските портали кои глумат опозиционост и критичност. Не слушнавме за распределбата на пратенички мандати на новинари од опозицијата во замена за парични средства и минутажа во вестите на А1 или списанијата под контрола на Фондацијата на Сорос и опозицијата, пишува во реакцијата на владејачката партија.

 

Поврзани новости