ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и министерот Николовски се најголемата елементарна непогода за Македонија

by Fokus

„Владата на Заев и министерот Николовски се најголемата елементарна непогода за Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Никаде, баш никаде ги немаше додека огнени стихии изгореа половина држава. Еден од најодговорните, министерот за земјоделие и шумарство дознал преку интернет дека дождовите ги изгаснаа пожарите и конечно реши да се појави во јавност. Трагедијата е во тоа што излезе, но исто како да не се појави. Не кажа колку подметнувачи на пожари се откриени и санкционирани. Не кажа колку пожари се изгаснати и колку шуми се спасени. Не кажа ни колкаво обештетување ќе добијат граѓаните кои не успеаја сами да се заштитат. Кажа дека допрва ќе преброел колку кубни метри дрва изгореле. Кажа и остана жив – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости