ВМРО-ДПМНЕ: Судот да утврди уште колку граѓани морале да платат стотици илјади евра кај Вицето

by Fokus

Наместо да го влечкаат случајот со години низ судските лавиринти, со што веќе наидуваат на потсмев и прават пародија со прифаќање на смешните оправдувања на Заев, треба да се фатат за работа и да утврдат уште колку граѓани морале да платат стотици илјади евра кај Вице, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за судскиот процес што се води против премиерот Зоран Заев.

– Понижувачки за граѓаните е законот да важи за сите останати, а на Заев да му се прогледува низ прсти кога бега од правдата со наводни средби со струмичкиот конзул и негов пријател, па со обврски во владата или со средби со некој амбасадор на земја од Африка. Недостасува уште да му прифатат оправдување дека ќе оди на потстрижување и заради тоа да одложат уште едно рочиште – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости