Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава. Очигледно е дека судиите станаа партиски послушници и војници. Јасно е дека во овој момент Република Македонија е во тотален мрак, а од правната држава нема ни П. Судовите го погазија принципот на непристрасност и директно ги поткопаа темелите на македонската правна држава. Вистинските виновници кои го прекршија Уставот и законите, во моментов ги водат институциите на Република Македонија. Уметниците, пратениците, полициски службеници не се терористи“, велат од ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека судот станал алатка за политичка инквизиција и тој е директен учесник во раздорот и продлабочувањето на кризата што, според партијата, произлегува од катастрофалните политики на владата на СДСМ.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.