ВМРО-ДПМНЕ: Скопје се гуши, Шилегов мува не го лази

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ, партија што 11 години беше на власт, денеска реагира за енормногото загадување во Скопје, и ги обвинува Шилегов и Владата дека ништо не преземаат.

-Скопје се задушува, а Петре Шилегов и Владата мува не ги лази. Нивото на загаденост на воздухот во последните неколку дена достигна досега невидени размери. Шилегов до пред само два месеца во борба за гласовите на скопјани ветуваше чист воздух и здрава животна средина за сега тоа да го гледа низ призмата на реално шоу, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие бараат од локалните и од централната власт итно да преземат мерки за заштита на граѓаните.

Поврзани новости