ВМРО-ДПМНЕ: СЈО сака да намести за криминал стотина луѓе од ДПМНЕ

by Fokus

„СЈО делува како продолжена рака на СДС која води политичка хајка против ВМРО-ДПМНE. Настапувањето на СЈО исклучиво е политички и во координација со СДС. Главна цел е да конструира и монтира случаи единствено против ВМРО-ДПМНЕ со што ќе му помогне на СДС да ја дефокусира јавноста од нивните политики во кои Заев се пазари со највисоките државни и национални интереси, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– СЈО за да одработи за СДС се обидуваше со пари да купи и обезбеди лажни изјави во поткрепа на монтираните случаи. Таму каде што не поминуваше поткупот, СЈО се служеше со закани и заплашувања врз лица за да признаат или потврдат нешто што не се случило. Тоа е така затоа што истражуваат и обвинуваат за непостоечки случаи измислени и нарачани од Зоран Заев Таргетот на СЈО е само една политичка партија, таргетот се стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ – истакна Сашо Павловски од ДПМНЕ.

Поврзани новости