ВМРО-ДПМНЕ: СЈО да ги уништи сите нелегално прислушувани материјали

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ го повика Специјалното јавно обвинителство да работи согласно со законот и укажува дека е должно сите нелегално прислушувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник.

„Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето претставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон. Тие единствено може да се употребуваат за уцени на граѓани и бизнисмени“, изјави претпладнево Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека СЈО е испостава и инструмент на Социјалдемократскиот сојуз за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и за креирање материјали со кои ќе се оцрни раководството на оваа партија. СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам.

Стојановски додаде дека таргетот на СЈО е само една политичка партија и стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ чиј грев, како што рече, не е криминал, туку тоа што останала со народот како единствен бедем за одбрана на државата.

Поврзани новости