ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ успеа за два месеци да ја задолжи државата за 70 милиони евра

by Fokus

Владата на СДСМ лажејќи го народот во очи ја задолжува државата со енормни суми. За помалку од два месеци антиреформската влада на СДСМ успеа државата да ја задолжи за 70-тина милиони евра, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Секој ден владата на СДСМ ги задолжува граѓаните за нови 1.7 милиони евра. Згора на тоа, оваа антиреформската влада со ребалансот на буџетот предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра, а тоа е повеќе од планираното, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Откако СДСМ дојде на власт, започнаа долговите на Република Македонија рапидно да растат – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека Тевдовски и Заев сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра излегоа на прес конференција каде нафрлиле долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија.

Поврзани новости