ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ја федерализира Македонија

by Фокус

Зоран Заев и неговите ментори Љубомир Фрчкоски и Бранко Героски се залагаат за Албанец премиер, задолжително изучување на албанскиот јазик во сите општини во Македонија и претворање на Македонија во федерација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното свое соопштение.

-Бранко Героски во своите колумни отворено заговара федерализација на Македонија. Зоран Заев во интервјуа за косовски телевизии отворено се додворува и ветува изучување на албанскиот јазик во цела држава. Фрчкоски, екс-кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија и идеолог на партијата пред еден месец побара Албанец за премиер, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ,  СДСМ 25 години по ред работела на разнебитување на Македонија и во континуитет ги рушела македонските национални интереси.

Поврзани новости