ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави масакар во здравството и си го прави семејна фирма

by fokus

СДСМ и министерот Таравари вршат масакар во македонското здравство, а од здравствените установи прават семејни фирми на неколку фамилии блиски до власта, обвинуваат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ и Таравари ги ставаат здравствените установи под контрола на сопствениците на веледрогериите и белата мафија од времето на претходните владеења на СДСМ – рече Марија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Андоновска обвини дека Таравари со своите именување и порачува на јавноста, дека не сака професионализација на здравството, туку преклопување на здравството со кадри блиски до власта, сврзани во фамилијарни бизнис шеми со врвот на СДСМ.

Поврзани новости