ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ја разбира суштината на демократијата и нема намера да работи во корист на граѓаните на РМ

by fokus

СДСМ нема намера да работи во корист на граѓаните на Република Македонија. Со не прифаќањето на ниту еден предложен амандман од страна на ВМРО-ДПМНЕ во ребалансот на буџетот на сите им стана јасно дека СДС сака само да истера теснопартиски интереси на грбот на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ не ја разбираат суштината на демократијата.

„СДС работи само за свој интерес и само во своја корист. Нив не ги интересираат проблемите на над 450.000 граѓани кои својот глас го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ. СДС се однесува како Македонија да е нивна приватна фирма. Сите пари од ребалансот на буџетот ги скрои по нивна желба, а не за потребите на граѓаните на Република Македонија. Од незаинтересираноста на СДС да реализира проекти штета ќе имаат сите граѓани“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости