ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев намерно ја блокираат изградбата на Клиничкиот центар

by Fokus

„СДС за три и пол месеци откако е на власт нема направено буквално ништо во македонскиот здравствен систем, од кое граѓаните би имале некаква корист, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и Зоран Заев свесно ја прекинаа изградбата на клиничкиот центар, еден од поголемите капитални проекти во здравството, за кои ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства од Европската централна банка. Се беше подготвено само да се почне да се гради, беше изработен проект, беа обезбедени средства. Но, СДС и Зоран Заев го попречија и го блокираа и овој проект нанесувајќи огромна штета на граѓаните. Недозволиво и неодговорно е да се оспорува еден готов проект кој чини 70 милиони евра, за да најави нов за чија реализација ќе треба да се чека најмалку десет години – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости