ВМРО-ДПМНЕ: Расипничката власт на Заев ја доведува државата пред неминовен распад

by fokus

Хаосот и неспособноста на СДС не може да се сокријат, а расипничката власт на Заев ја доведува државата пред неминовен распад на секое поле, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Лагите на Заев и СДС не може повеќе да поминат кај граѓаните и затоа се свесни дека ќе се соочат со изборниот пораз.

-На СДС му треба секаква помош за да го дефокусира вниманието од погубните политики и затоа поднесува кривични пријави против најуспешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Ставањето на полицијата во функција на изборите беше неколку пати посочено од наша страна. Соочени со слабиот рејтинг и изборниот колапс на кандидатите за градоначалници од редовите на СДС полицијата поднесува кривични пријави и е соучесник во монтирани процеси се со цел директно да се влијание на изборниот процес. После поднесувањето на кривичните пријави на градоначалниците на Неготино, Велес, Кавадарци и Прилеп, на мета е еден најуспешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости