ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија останува срам за Европа

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ попладнево преку соопштение реагираше на продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието на 27 април.

-Судот денес беше соучесник во уништувањето на правната држава. Судиите не собраа сили да се кренат над притисокот и политичките конструкции. Одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на лицата од настаните од 27 април е скандалозна и не се темели на факти и докази, туку на гола политичка конструкција.Правосудството во Македонија останува срам за Европа и целиот демократски свет. Десетици македонски патриоти се измачуваат и се влечат по притвори без основ, во политички конструиран процес. Не се почитуваат нивните основни човекови права.Институциите денес паднаа на тестот за владеење на правото. Институциите покажаа дека Република Македонија ваква каква што е сега, нема капацитет за придвижување на државата кон Евроатланските структури. Институциите не покажаа минимум зрелост да работат за граѓаните, како што тоа им е наложено согласно закон и Устав, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости