ВМРО-ДПМНЕ прашува до каде е истрагата за двајцата владини функционери фатени во корупција

by fokus

До каде е истрагата со двајцата владини функционери фатени во корупција, обзнането лично од Зоран Заев пред 5 месеци, прашуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ може да лаже, но не може да ја излаже јавноста. Селективноста на правдата кога се работи за функционерите на СДСМ се гледа на секој чекор. Почнувајќи од случаите за корупција за кои е осомничен Зоран Заев, па се до набавката на возила во МВР. Очигледно дека СДСМ си ја има мувата на капата, па на пресот упатен до Јавното обвинителство, тие се најдоа повикани да одговорат. Од каде кај соработникот на Оливер Спасовски информации за посебните истражни мерки? Кој му ги дал? Дали и кога ќе се покрене обвинение за скандалозната набавка на возила во МВР каде без тендер се доделиле милион евра на фирма од Куманово која е партиски донатор на СДСМ, за што впрочем пишуваа медиумите? Ова се очигледни скандали за кои СДСМ молчи, а институциите кои тие ги претворија во партиска маша се прават дека не ги гледаат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости