ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и за Алаѓозовски, ширел неоварваризам

by fokus

Во Собранието на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе нова интерпелација. Новиот „среќник“ од власта е министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Образложението за интерпелацијата е дека Алаѓозовски ширел неоварваризам со што нанесувал огромна штета на угледот на Република Македонија на културен план.

-Во изминатиот период наместо унапредување на културата и културниот развој на Република Македонија за многу кратко време и веднаш откако беше назначен од страна на СДСМ, Роберт Алаѓозовски  имаме тренд на  уназадување на културата и културниот развој, преку превземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци во нашата држава,  не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата и многу други активности  кои водат во таа насока, рече Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Таа додаде дека токму во овие изминати неколку месеци од формирањето на новата Влада на СДСМ, од страна на министерот Алѓозовски незаконски разрешувал професионалци во институциите од областа на културата и вдомувал партиски послушници во Министерството за култура

Поврзани новости