ВМРО-ДПМНЕ: Овчарот Џемаили лаже, Груевски и Мијалков не му вршеле притисок

by Fokus

Ниту Груевски и Мијалков го терале Иснифарис Џемаили да сведочи, ниту некој му направил било каков притисок. Сето ова е дел од операцијата на СДС на перење на криминалните афери кои го означија нивното работење реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Џемаили кои ги даде во интервју за телевизија Телма.

„Ќе дојде време СДС да не убедува и дека во нивно време немаше атентат врз претседателот Глигоров или пак дека Заев не беше аболиран за криминал во Глобал. Прв беше Владо Димов, човекот кој е познат по купувањето на скапи бисери со државни пари, а сега е перењето на криминалите на Џемаили кој ќе потсетиме дека ќари 727 илјади евра за фиктивно оштетено бачило со што стана и официјално најбогатиот овчар во времето на СДС – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости