ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Апелациски се апсурдни, раководството нема сторено ниту едно кривично дело и нема потреба од бегство

by fokus

„Последните образложенија на СЈО во барањата за одземање на патните исправи се апсурдни. Дури и правник од втора година правен факултет ќе сфати дека се работи за тенденциозност во делувањето, а не за реална потреба на истрагата. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема сторено ниту едно кривично дело и затоа нема потреба од бегство“, изјави денеска Орце Ѓорѓиевски.

Од партијата сметаат дека реална опасност за бегство нема и оти Судот не треба да потклекнува под политичкиот притисок на СДСМ или пак под, како што велат, канонадата разни неосновани барања на СЈО, туку одлуките треба да ги донесува исклучиво врз база на Устав и закон и никако поинаку.

„Одлуките на Апелацискиот суд, со кои не се вратија патните исправи на лицата кои гонети од СЈО се конформистички и не кореспондираат со реалноста. Тие, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се донесени повеќе како компромис, за да не изгледа дека судот ги отфрлил само апсурдните барања на СЈО за притвори и поригорозни мерки, ги отфрла и жалбите на одбраната за враќање на патните исправи односно укинување на мерките за обезбедување“, вели Ѓорѓиевски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ верува во органите на правосудниот систем и принципите на владеење на правото и секогаш ќе биде достапно пред истите.

Поврзани новости