ВМРО-ДПМНЕ: Новиот советник на Заев бил апсен во САД

by fokus

Зоран Башановиќ е новиот специјален економски советник на Зоран Заев, кој во итна постапка доби македонско државјанство, а е човек кој зад себе има досие и е апсен за кражби во САД, реагира денеска ВМРО ДПМНЕ.

-Башановиќ е класичен клептоман, а тоа го потврдува фактот што тој како познат бизнисмен, естраден менаџер и сопственик на телевизија, се впуштил себе си во кражба на ќебиња во Флорида, во вредност од 1.050 долари. Во случајот на Башановиќ е повеќе од јасно дека не станува збор за кражба од сиромаштија, туку класична клептоманија и нагон за кражба. Јавноста се прашува во што тоа Башановиќ ќе го советува Заев? Дали можеби Заев е импресиониран од неговите способности и фат, па мисли дека токму тој е вистинскиот човек кој ќе го советува како треба да работи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости