ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорниот Заев и неговите партиски послушници не можат да локализираат еден пожар

by Fokus

„Пожарите секојдневно уништуваат илјадници хектари шума, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство размислува со кој фактор на крема за сонце да се намачка, за да не изгори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ/

– Огнената стихија уништува домови и имоти, се заканува на манастири, а надлежниот министер на СДС од плажа, на лежалка конзумира коктели и пишува постови на социјалните мрежи. Неспособната и неодговорноста на владата на СДС граѓаните ја гледаат секојдневно во незнаењето и немањето капацитет навремено да се справи со пожарите кои прераснаа во вистинска еколошка катастрофа и уништија илјадници хектари шума, а десетина куќи беа изгорени и беше загубен еден човечки живот – се наведува во партиското соопштение.

Од таму тврдат дека хаосот што го предизвикува СДС достигнува неочекувани размери.

– Неодговорниот Заев и неговите партиски послушници не можат да локализираат еден пожар. Неспособниот Заев и СДС не може ни да ги откријат виновниците за подметнувањето на овие пожари. Пожарите горат, а владата на СДС не покажува грам грижа за граѓаните – реагираат од опозициската партија.

Поврзани новости